Современа македонска одбрана

Sovremena makedonska odbrana

ISSN/e-ISSN
ISSN 1409-8199 / e-ISSN 1857-887X

Sovremena makedonska odbrana

Меѓународното научно списание СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА е теоретско списание кое го издава Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Списанието излегува редовно двапати годишно и по потреба еднаш годишно како вонредно издание на определена тема. Во Списанието се објавуваат трудови и прикази на книги од областа на одбраната, безбедноста и мирот, како во национални рамки, така и на регионално и на глобално ниво.
Во Списанието можат да бидат објавени само рецензирани и класифицирани трудови како: изворни научни трудови, прегледни научни трудови и стручни трудови и прикази на книги.

Основна намена, како и специфичните цели на меѓународното научно списание СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА е да ги промовира различните аспекти на теоретските и емпириските научни истражувања и достигнувања во полето на одбраната и безбедноста на национално, регионално и на глобално ниво.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Уредувачки одбор

Марина МИТРЕВСКА, главен и одговорен уредник
Беким МАКСУТИ, заменик главен и одговорен уредник

МЕЃУНАРОДЕН УРЕДУВАЧКИ ОДБОР

Мухамед РАЦАЈ
Нано РУЖИН
Тони МИЛЕСКИ
Николина КЕНИГ
Никола ДУЈОВСКИ
Наташа ПЕЛИВАНОВА
Ана ЧУПЕСКА
Александра ДЕАНОСКА ТРЕНДАФИЛОВА
Елениор НИКОЛОВ
Менде СОЛУНЧЕВСКИ
Џелал НЕЗИРИ
Жанет РИСТОСКА
Паскал МИЛО
Антон ГРИЗОЛД
Зоран КЕКОВИЌ
Синиша ТАТАЛОВИЌ
Јанцислав ЈАНАКИЕВ
Дезире ПАНГЕРЦ
Оливера ИЊАЦ
Мајкл ШУЛЦ
Патриција ФАРАЛДО КАБАНА
Емануела Ц. ДЕЛ РЕ
Еике АЛБРЕХТ

Секретар: Жанет РИСТОСКА

Sovremena makedonska odbrana

Современа македонска одбрана бр._39
Современа македонска одбрана бр._38
Современа македонска одбрана бр._37
Современа македонска одбрана бр._36
Современа македонска одбрана бр._35
Современа македонска одбрана бр._34
Современа македонска одбрана бр._33
Современа македонска одбрана бр._32
Современа македонска одбрана бр._31
Современа македонска одбрана бр._30
Современа македонска одбрана бр._29
Современа македонска одбрана бр._28
Современа македонска одбрана бр._27
Современа македонска одбрана бр._26
Современа македонска одбрана бр._25
Современа македонска одбрана бр._24
Современа македонска одбрана бр._23
Современа македонска одбрана бр._22
Современа македонска одбрана бр._21
Современа македонска одбрана бр._20
Современа македонска одбрана бр._19
Современа македонска одбрана бр._18
Современа македонска одбрана бр._17
Современа македонска одбрана бр._16
Современа македонска одбрана бр._15
Современа македонска одбрана бр._14
Современа македонска одбрана бр._13
Современа македонска одбрана бр._12
Современа македонска одбрана бр._11
Современа македонска одбрана бр._10
Современа македонска одбрана бр._9
Современа македонска одбрана бр._8
Современа македонска одбрана бр._6
Современа македонска одбрана бр._5
Современа македонска одбрана бр._4
Современа македонска одбрана бр._3
Современа македонска одбрана бр._2
Современа македонска одбрана бр._1

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ОДБРАНА е меѓународно научно списание кое го издава Министерствотo за одбрана на Република Северна Македонија. Во списанието се објавуваат научни и стручни трудови од домашни и странски автори кои третираат теми од областа на одбраната,безбедноста и мирот.
Уредувачкиот одбор на списанието во својата работа се води од највисоки професионални и етички стандарди, што подразбира дека не се толерираат плагијати и друг вид неприфатливи форми на работа во академската заедница и во издаваштвото.
Сите научни трудови кои се објавуваат во меѓународното научно списание „Современа македонска одбрана“ се рецензирани од релевантни рецензенти од соодветната област на научно истражување и се определени од страна на рецензентите во неколку категории (оригинален научен труд, прегледен научен труд и стручен труд). Ракописите се доставуваат до рецензентите во анонимизирана форма.
Овој Етички кодекс на авторите на трудовите им налага коректна употреба на извори во објавените трудови, што подразбира дека целосно ќе ги наведуваат изворите и авторите кои ги цитирале во својот труд. Етичноста при објавувањето на трудовите подразбира и дека ќе се внимава на говорот на омраза и застапување на дискриминаторски ставови од секаков вид и на која било основа, како и декларирање на какви било судири на интереси.
Сите трудови во кои авторите не се придржуваат до овој Етички кодекс нема да бидат земени предвид за објавување во нашето научно списание, за што одлучува Уредувачкиот одбор на списанието на состанок.
Авторите се одговорни за почитувањето на етичките и професионалните стандарди и мора да обезбедат одобрување од авторите за пренесување на делови од нивни текстови или авторизиран видео или друг вид материјал, доколку авторот или издавачот тоа го бараат.
Меѓународното научно списание „Современа македонска одбрана“ не прима ниту објавува трудови кои веќе биле објавени во друго списание, или, такви во кои постои висок степен на сличност со веќе објавен сопствен труд.
Цитирањето во трудовите мора да биде конзистентно и во согласност со правилата наведени во Упатството за авторите. На крајот од трудот мора да има преглед на користената литература по абецеден редослед, со наведување на целосната референца.
Авторот треба да им даде соодветно признание на сите кои дале придонес во истражувањето. Оние кои компетентно придонеле за истражувањето треба да бидат наведени како коавтори. Првиот автор, со приложувањето на ракописот, гарантира дека сите коавтори се согласуваат со конечната верзија на трудот и со неговото конечно објавување.
Доколку трудот претставува истражување вршено врз луѓе (анкети, интервјуа и сл.), авторот е должен да обезбеди информации за тоа дека целиот истражувачки процес е воден со доследно почитување на етичките стандарди за заштита на безбедноста, интегритетот и достоинството на учесниците во истражувањето.
Рецензентите се должни да го третираат ракописот на доверлив начин. Ракописот не треба да се открива или неговата содржина да се дискутира со други, освен со уредникот или лица овластени од страна на уредникот. Рецензентот е должен да даде кусо образложение пред Уредувачкиот одбор за конечната одлука во врска со ракописот, особено доколку одлуката за печатење е негативна.
Рецензентот е обврзан објективно да ѝ пристапи на работата за рецензија. Повратните информации кон авторот/ите треба да бидат дадени максимално професионално, без лични напади. Рецензентот не смее да користи за сопствено истражување каков било дел од какви било податоци кои му/и се доставени во сè уште необјавените трудови. Рецензентот е должен веднаш да го извести уредникот за сите сличности помеѓу ракописот што се разгледува и друг труд, без разлика дали е објавен или е некој што го разгледува за друго списание. Рецензентот треба веднаш да го извести уредникот ракопис кој содржи плагијат, фалсификувани податоци, или ставови кои претставуваат говор на омраза или се одраз на предрасуди. Исто така, рецензентот е должен да направи објективна проценка за тоа дали има доволно комптетенции за да го прегледува доставениот ракопис. Ако процени дека нема, во најкус рок го враќа ракописот на уредникот/Уредувачкиот одбор.

Уредникот треба да осигури дека доставените ракописи се анонимизирани и не треба да ги открива имињата и другите детали на рецензентите на трето лице без дозвола на рецензентите.
Уредникот има право да донесе конечна одлука за прифаќање или одбивање на ракопис, во врска со оригиналноста и јасноста на ракописот и неговата важност за списанието. Уредникот во никој случај не треба да се впушта во задолжување на авторите да го цитираат конкретното списание како услов за прифаќање на ракописите за објавување.
Уредникот е одговорен за навременото рецензирање и треба да преземе разумни мерки ако се појави жалба во врска со работата на рецензентите од страна на авторот.

Во Списанието можат да бидат објавени само рецензирани и класифицирани трудови како: изворни научни трудови, прегледни научни трудови и стручни трудови и прикази на книги.
Прифаќањето на трудот во Списанието ги обврзува авторите да не ги објавуваат и во други списанија.
Трудовите можат да бидат напишани од најмногу еден автор и еден коавтор.
Ракописот треба да се доставува во електронска форма за да се олесни печатењето на списанието. Страниците и прилозите треба да бидат нумерирани.
Трудовите треба да бидат напишани на англиски јазик и треба да имаат наслов, апстракт и клучни зборови.
Трудовите што не се предвидени за печатење им се враќаат на авторите со образложување.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ТРУДОТ
Трудот треба да се состои од: наслов, автори, институција, апстракт, клучни зборови, вовед, главен дел, заклучок и литература. Целосниот труд не треба да биде подолг од 5000 збора.
Наслов на трудот – 14 points, Times New Roman, центрирано, Насловот на трудот треба да биде кус, но да дава верен одраз на содржините и по можност да содржи што повеќе клучни зборови од опфатената проблематика.
Еден празен ред.
Автори – име и презиме, мали масни (Bold) букви, 11 points, Times New Roman, центрирано.
Два празни реда.
Институција – ракописни букви (Italic), 11 points, Times New Roman, центрирано.
Два празни реда.
Апстракт – 11 points, Times New Roman, единечен проред. Содржината на апстрактот треба да е суштинска и независна целина.
Еден празен ред.
Клучни зборови – максимум до 5 збора, 11 points, Times New Roman, единечен проред
Вовед – 11 points, Times New Roman, единечен проред. Еден празен ред.
Главен дел на трудот- 11 points, Times New Roman, единечен проред.
Еден празен ред.
Заклучок – 11 points, Times New Roman, единечен проред. Заклучокот треба да претставува кусо резиме од трудот, а да ги опфати и резултатите до кои се дошло со истражувањето.
Еден празен ред.
Литература – 11 points, Times New Roman, цитирана според Харвардскиот стил на цитирање. Литературата се наведува во посебно поглавје при што библиографските единици се нумерираат по оној ред по кој што се појавуваат како во фуснотите во текстот. Се наведуваат само библиографски податоци што се употребени во текстот. Се цитираат сите видови извори на информации – книги, науч¬ни списанија, интернет-страници, компјутерски софтвери, печатена или е-mail кореспонденција, па дури и вербална конверзација.

Во трудовите во кои се користат табели, слики, цртежи, фотографии, илустрации, графи¬ко¬ни и шеми, истите треба да се нумерирани последо¬ва¬тел¬но, со арапски броеви, а насловот на сликата да е напишан под неа. Се¬која слика или група слики се планираат на начин што овоз¬мо¬жу¬ва прег¬ледност. Сликите во електронска форма се испра¬ќаат како посебен JPG документ со минимална резолуција од 300 dpi. Сликите во боја се печатат како црно – бели.

Формат: А4-формат, предадено во електронска форма.
Маргини

горна

5 см

Top

1.89”

долна

5 см или Page Setup компјутерски

Botoom

1.89”

лева

4 см параметри во инчи (inch)

Left

1.58”

десна

4 см

Right

1.58”

Gutter

0”

Уредувачкиот одбор е должен пристигнатите трудови да ги достави до компетентни рецензенти. Рецензентите и авторите остануваат анонимни. Рецензираните трудови, заедно со евентуалните забелешки и мислења на Уредувачкиот одбор, се доставуваат до авторите. Тие се должни, најмногу во рок од 15 дена, да ги извршат неопходните корекции.

Брзината на објавувањето на трудот, покрај останатото, зависи и од придржувањето кон ова упатство.

Рокови за доставување на трудови – 30.04. и 31.10. во тековната година

Министерство за одбрана
„Орце Николов“ 116
1000 Скопје

Сектор за комуникации, аналитика и оперативна поддршка

Раководител
полковник Иван Атанасоски
ivan.atanasoski@mod.gov.mk

Одделение за издавачка дејност и продукција
Раководител
Билјана Иванова
biljana.ivanova@mod.gov.mk
02 3113 527

Секретар
Д-р. Жанет Ристоска
zanet.ristovska@mod.gov.mk
zanet.ristoska@yahoo.com
02 3128 276

Главен и одговорен уредник
Проф.д-р.Марина Митревска
marinamitrevska@yahoo.com

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail