Одлучна поддршка

2015 – во тек

Република Северна Македонија останува посветена на обврските и задачите како земја членка на Алијансата. Почнувајќи од 01.01.2015 година, нашата земја тогаш како земја кандидат за членство во најголемиот воено – политички Сојуз – НАТО, се приклучи со придонес во мировната мисија во Авганистан наречена „Одлучна поддршка“ (“Resolute Support”) предводена од НАТО.

Придонесот во оваа мировна мисија, е согласно потребите на мисијата и расположливите капацитети на Армијата на Република Северна Македонија, а актуелниот придонес  е со 37 лица воен персонал, во соработка со силите на САД и Република Турција и тоа:

  • со штабни офицери и подофицер во соработка со вооружените сили на Република Турција во Командата за обука, советување и асистенција (КОСА) – Главен град (Кабул).
  • со офицери, подофицери и војници во соработка со вооружените сили на Соединетите Американски Држави.

Нашите припадници досега во оваа мисија придонесуваа во соработка со силите на САД, Република Турција, Сојузна Република Германија, како и во рамките на регионалниот придонес во А5 формат и тоа:

  • со единица за обезбедување на Командата на мисијата  „Одлучна поддршка“ (во Кабул);
  • со штабен персонал во Командата на мисијата  „Одлучна поддршка“ (во Кабул)
  • со штабен персонал во соработка со силите на Република Турција во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град (во Кабул);
  • со штабен персонал и советници во соработка со силите на Сојузна Република Германија во Командата за обука, советување и асистенција – Север (во Мазар и Шариф), и
  • со штабен персонал во рамките на заедничкиот контингент на САД-Јадранската повелба, во Командата за обука, советување и асистенција – Север (во Мазар и Шариф).

Одлучна поддршка е неборбена мисија на НАТО која има за цел да помогне на Авганистан во развивањето на капацитети за одбрана на државата и одржливи капацитети за заштита на граѓаните, а во согласност со принципите на ефикасно владеење и владеењето на правото. Мисијата првенствено се фокусира на активности за обука, советување и помош во министерствата и институциите на Авганистан, односно поддршка во областите на оперативно планирање, буџетски развој, процес на генерирање на сили, управување и развој на персоналот, логистичко одржување и цивилен надзор. Бројната состојба е променлива согласно условите и предизвиците на терен со припадници од 38 земји членки на НАТО и партнери.

Одлучна поддршка е мисија со мандат за обука, советување и асистенција на Авганистанските власти, со рапидно помала бројна состојба на персоналот во однос на мисијата ИСАФ. Истата е активирана на 01.01.2015 година, односно по завршувањето на операцијата на НАТО – ИСАФ (на 31.12.2014 година), а со цел да овозможи понатамошно унапредувањето на безбедносните и институционалните капацитети на Авганистан. Моментално, воениот и цивилниот персонал на мисијата на дневна основа обезбедуваат обука, советување и помош на Авганистанските партнери, во областите кои се критични за целосно фунционирање на Власта. Тоа подразбира развој на Авганистанското лидерство, советувања за реформи и борба против корупцијата, како и обука, советување и помош на капацитетите на Авганистанските Одбранбени и Безбедносни Сили, за целосна контрола и заштита на територијата на Авганистан.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedintumblrmail